
Партиски релации пред стручноста во Советот за надзор
Реакцијата на Левица следува откако собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, на предлог на пратеникот Миле Лефков, ги предложила социјалниот работник Андон Дамовски и психологот Гордана Стефковска-Вељановска за членови на Советот задолжен за граѓански надзор. Од партијата обелоденуваат дека Вељановска е сопруга на директорот на Драмски театар и поранешен член на Извршниот комитет на ДПМНЕ, Роберт Вељановски.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Она што дополнително фрла сомнеж врз процесот, според Левица, е фактот што петмина други кандидати кои имаат соодветно образование од правните и безбедносните науки, воопшто не ја добиле поддршката од собраниската Комисија, со што, како што велат, „партиските релации очигледно тежат повеќе од стручноста и независноста“.
Нефункционален систем и предупредувања од Европската комисија
Од Левица потсетуваат дека граѓанскиот надзор со години претставува само мртва буква на хартија, факт кој го нотира и Европската комисија во својот извештај каде се констатира дека овој Совет не функционира од неговото законско воспоставување во 2018 година. Дополнителен аларм е тоа што во текот на цела 2025 година, собраниската Комисија за надзор над следењето на комуникациите не спровела ниту еден единствен надзор над овластените органи, операторите и ОТА.
Сè ова се случува во период кога Владата најавува ново прекројување на безбедносно-разузнавачкиот сектор, што според опозициската партија, претставува сериозен аларм за демократскиот поредок во земјава која веќе еднаш ја плати високата цена на масовното незаконско прислушување.
„ДПМНЕ се обидува да воспостави контрола врз контролорите… Македонија веќе ја плати цената на партиското заробување на безбедносните служби. Секој обид за политичко влијание врз контролорите на прислушувањето претставува сериозен аларм за демократскиот поредок.“ — стои во соопштението на Левица.


