во

Виткоф и Кушнер во Москва: Од средбата со Путин зависи идниот план на Русија за војната во Украина

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер се наоѓаат во Москва на клучна средба со рускиот претседател Владимир Путин, од која, според најавите, ќе зависи понатамошниот тек на војната и мировните преговори за Украина.

Убедување на Москва и критики кон Европа

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, истакна дека идниот план на дејствија на Москва ќе биде определен токму врз основа на она што Путин ќе го слушне од американските претставници. Една од главните цели на посетата, според изјавите на Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, е да се добие „благослов“ од рускиот претседател за вклучување на европски претставници во преговарачкиот процес.

Супер Попуст -25%

Сепак, американскиот посредник не штедеше критики кон Европејците, посочувајќи дека тие инсистираат да бидат присутни на преговарачката маса, но истовремено не можат да се договорат кој ќе зборува во име на цела Европа.

Надежи за прекин на огнот и средба со Зеленски во Даблин

Од друга страна, украинската страна изрази оптимизам и надеж дека е можно да се постигне мировен договор до Нова година, доколку Европа активно се вклучи во процесот. Иако деталите од досегашните преговори се држат во тајност, потврдено е дека е договорена размена на воени заробеници од големи размери, но територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат клучните пречки меѓу Киев и Москва.

По завршувањето на разговорите во руската престолнина, дипломатската мисија на Виткоф и Кушнер продолжува во Даблин, каде што веќе е пристигнат украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за конечно завршување на војната.

„Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва… Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Двојно признание за МНТ: Тања Кочовска и Тони Михајловски наградени на Меѓународниот фестивал на глумецот во Никшиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова во Даблин: Македонија на деветтиот состанок на Европската политичка заедница