
Брилијантна актерска игра во „Страв и надеж“
Престижните признанија доаѓаат за нивните маркантни актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ, работена во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Оваа претстава беше дел од годинашната натпреварувачка програма на фестивалот, а изведбите на Кочовска и Михајловски веднаш биле препознаени и издвоени како особено впечатливи од страна на стручната критика.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Стручното жири, во чиј состав беа истакнатите драмски уметници Миодраг Кривокапиќ (претседател), Даница Максимовиќ и Стеван Вуковиќ, не штедеше пофалби за македонскиот актерски тандем, истакнувајќи дека нивната инспиративна изведба им ја направила одлуката лесна.
Потврда за квалитетот на МНТ
Од Македонскиот народен театар потенцираат дека е особено значаен фактот што овој актерски двоец континуирано освојува заеднички признанија на различни фестивали, со што се потврдува нивната неверојатна сценска хемија и вредноста на самата претстава. На свеченото доделување, во име на наградените актери, признанијата ги подигна директорот на МНТ, Никола Кимовски.
„Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“ — се наведува во образложението на жирито.

