
Македонија и земјите од регионот
Според податоците на Евростат, стапката на намерни убиства во Македонија во 2024 година изнесувала 1,10 на 100.000 жители, што претставува позитивно намалување во споредба со 2014 година, кога овој показател бил 1,21.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Анализирајќи го балканскиот регион, највисока стапка на регистрирани убиства има Црна Гора со 1,92 на 100.000 жители. Зад неа следува Бугарија со 1,23, потоа Македонија (1,10), додека значително пониски стапки имаат Србија со 0,82 и Грција со само 0,78 убиства на 100.000 жители.
Рекордери во Европската Унија
На ниво на Европската Унија, балтичките земји се на врвот на оваа неславна листа. Највисока стапка е регистрирана во Литванија (2,63), по што следуваат Летонија (2,40) и Естонија (1,82). Сепак, интересно е што Литванија бележи значително подобрување во однос на 2014 година, кога бројките биле повеќе од двојно повисоки.
Од друга страна, најбезбедни земји според овој параметар во ЕУ се Луксембург со само 0,30 убиства на 100.000 жители, Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.
„Податоците се однесуваат на бројот на намерни убиства регистрирани од полицијата… Евростат посочува дека споредбите меѓу државите треба да се толкуваат внимателно, бидејќи разликите во законодавството, полициското евидентирање и пријавувањето на кривичните дела можат да влијаат врз статистиката.“


