
Супер Попуст -25%
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.
♈
Овен
Последниот работен ден во оваа недела ќе им донесе на Овните растоварена атмосфера на работа и поголем елан. Денес ве следат и убави емотивни моменти, па вистински момент е да се придвижите кон некого кој ви е симпатичен. Исто така, ако имате партнер, искористете го попладнето за уживање со него.
♉
Бик
Крајот на работната недела е тука, а вие веќе по малку се уморивте од случувањата во деловниот сегмент. Ќе се трудите да завршите некои свои лични приоритети и обврски, а попладнето ќе го искористите за дружење со членовите на семејството. Или за стутканост со саканата личност, во нејзината прегратка.
♊
Близнаци
Овие дваесет и четири часа нема да бидат доволни за да го завршите сето она што сте го планирале. Буквално ќе трчате од една обврска на друга, но сето ова нема да ви донесе оптоварување. Напротив, ќе го пуштите мозокот „на пасење“ и целосно ќе се опуштите. Шармантно делувате во новите познанства.
♋
Рак
Драги Ракови, стои дека имате доста обврски во текот на денешниот ден, но обидете се во сè да влегувате со еден поопуштен, полежерен пристап… и ќе видите дека, кога нервозата ќе ја тргнете настрана, сè некако почнува да се одвива како што треба. Опуштете се вечерва во излегување со некои драги луѓе.
♌
Лав
Денес како вистинско мало сонце ги осветлувате сите со кои доаѓате во контакт. Во деловниот сегмент ќе бидете шармантни и ќе оставите голем впечаток на сите со кои ќе се сретнете. Во емотивниот дел за вас денес нема зима, ако сакате некого да освоите – вистински момент е за тоа.
♍
Девица
Одличен ден да се ангажирате околу приватните работи или околу некои лични приоритети. Добри организациски способности и можност буквално на повеќе страни да стигнете да го одработите сето она што е потребно. Со емотивниот партнер лесно можете да се договорите за средба.
♎
Вага
Денес нешто се растрчавте… но во суштина – сепак успевате да го завршите она што сте го имале намера. Растргнатост помеѓу работата, семејството и пријателите… па емотивниот партнер некако ќе остане последен на дневниот ред… ако воопшто и успеете да се организирате…
♏
Шкорпија
Денес сте во релаксиран фазон. Сè во деловниот сегмент функционира, вие сте опуштени и растоварени и гледате само како да фатите кривина. Имате планови со емотивниот партнер или симпатијата и нема да дозволите ништо да ви ги расипе.
♐
Стрелец
Одличен ден да се активирате околу своите планови, а одделни можат да ги остварат и тежненијата за посилен контакт со странство. Можно е и да размислувате за патување или да планирате викенд надвор од градот. Добра енергија и за средување на приватните или семејните проблеми.
♑
Јарец
Одличен момент за промени во деловниот сегмент, кои сега треба да се покренат бидејќи можат лесно да заживеат. Според тоа, смислете што би можеле да промените за вам лично да ви биде подобро. Изгубете се денес со саканата личност далеку од сите, време е да уживате.
♒
Водолија
Вистинско време е да го завршите сето она што не сте успеале или што сте го одложувале во текот на оваа недела. Денот е како создаден за обврски, па фрлете се на работа, бидејќи можете да завршите многу работи. Можно е со партнерот заеднички да отидете на некој социјален собир или настан.
♓
Риби
Некои работи ги доведувате до завршница токму овој ден и тоа пред да планирате. Остатокот од денот можете да го искористите на попаметен начин, бидејќи сè ви е отворено во емотивниот сегмент, без разлика дали сте сами или имате партнер. Може да има некои нови познанства.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден








