во

Сиљановска-Давкова со остра критика: Честите и октроирани промени го рушат Уставот и уставниот патриотизам!

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати силни критики за начинот на кој се менува највисокиот државен акт, оценувајќи дека честите и надворешно иницирани промени го девалвираат Уставот како најважен општествен договор на граѓаните.

Демократски почетоци во турбулентни времиња

Обраќајќи се на панел-дискусијата по повод 35-годишнината од носењето на првиот Устав на независна Македонија, претседателката се наврати на 1991 година кога и самата учествуваше како надворешен експерт. Таа истакна дека и покрај тензичната предвоена атмосфера и присуството на ЈНА, процесот на донесување бил исклучително демократски, инклузивен и транспарентен, со толерантна дебата меѓу неистомислениците.

Лоши амандмани кои го рушат уставниот патриотизам

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Сиљановска-Давкова изрази сериозна загриженост за уставноправниот развој на државата, посочувајќи дека дури 21 од вкупно 36 амандмани се иницирани однадвор. Според неа, амандманите се напишани со лоша и невоедначена техника која ги прави нејасни, додека преамбулата ја оцени како „целосно нечитлива“.

Овие чести промени, предупреди таа, го проблематизираат Уставот во смисла на „Општествениот договор“ на Жан-Жак Русо и го маргинализираат уставниот патриотизам за кој пишува Јирген Хабермас. Со цел да се надминат овие проблеми, таа му предложи на собранискиот спикер да ја прошири Уставната комисија со независни експерти кои континуирано ќе го анализираат уставниот поредок и ќе предлагаат соодветни решенија за детектираните проблеми.

„Честите промени, а особено октроираните, го проблематизираат уставот како највисок закон и како најширока и најважна општествена повелба на граѓаните во смисла на Русоовиот Општествен договор.“

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Геополитички земјотрес: Си Џинпинг го пречека „стариот пријател“ Путин пред историското соочување со Трамп!

Сиљановска-Давкова: Новинарите не смеат да бидат продолжена рака на власта, туку чувари на демократијата!