во

Николоски грми од Виена: „Камионџиите не се туристи, бирократијата на ЕУ ни го уништува бизнисот!“

Камионџиите не се туристи, а бизнисот во целиот регион колабира поради апсурдните бирократски правила на Европската Унија! Ова е силната порака која вицепремиерот Александар Николоски ја упати од 23-тиот Виенски економски форум.

Западен Балкан се соочува со огромна криза во транспортниот сектор. Според новите правила и електронскиот систем за евиденција на границите, професионалните возачи на камиони се третираат исто како обични туристи, поради што не смеат да поминат повеќе од 90 дена во рамките на период од 180 дена во ЕУ. Ова ограничување предизвикува вистински хаос, парализирајќи го транспортот на стоки до крајните корисници.

Бирократијата го убива бизнисот

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Николоски не го криеше своето разочарување од пасивноста на европските институции. Тој истакна дека регионот веќе цела година алармира за овој проблем, но од Брисел добиваат само бирократски дискусии и изговори дека „истото било и порано“, наместо конкретна политичка одлука и решение.

„Можеме да имаме убави говори овде, но ако стоката не може да се транспортира до крајниот корисник, не можеме да зборуваме за ништо. Една година зборуваме, не знам како е можно да се водат само бирократски дискусии, а да нема политичка одлука.“

Се бара итно системско решение за Шенген зоната

Иако државата веќе има склучено билатерални договори со неколку европски земји за надминување на овој проблем, вицепремиерот смета дека тоа не е доволно. Тој јасно порача дека се бара итно, сеопфатно решение кое мора да го понуди самата Шенген зона, за конечно да се одглави извозот на стоки и електрична енергија произведена од обновливи извори од Западен Балкан.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17 НОЕМВРИ: Близнаците повторно ѝ се јавуваат на симпатијата, на Рибите им пристигнуваат важни информации

Готова за 10 минути без вага: Рецепт за Царска пита на чаши која им успева и на почетниците!