
Гашербрум I како круна на предизвикот
Овој фасцинантен подвиг Кедев го комплетираше на 20 јули 2025 година, кога успешно застана на врвот на Гашербрум I, на височина од 8.080 метри. На денот на искачувањето, тој имаше точно 63 години и 14 дена, со што постави светски рекорд кој, по детална верификација од страна на експертите, сега е и официјално сертифициран од Гинис. Она што го прави овој рекорд уште позначаен е фактот што Кедев ги достигнал вистинските, највисоки географски точки на сите овие екстремни височини.
На својата официјална веб-страница, претставниците на Гинисовата книга на рекорди со гордост го објавија достигнувањето на македонскиот алпинист, потврдувајќи ја неговата возраст и датумот на комплетирање на неверојатниот предизвик.
Двоен триумф: Затворен и ексклузивниот клуб „Seven Summits“
Покрај освојувањето на највисоките врвови на светот, д-р Кедев стана и најстарата личност на планетата која истовремено ги има искачено сите 14 осумилјадници и највисоките врвови на седумте континенти, познати како ексклузивниот клуб „Seven Summits“. Неговата континентална авантура започна на 14 јануари 2008 година со Аконкагва во Јужна Америка, а заврши на 6 ноември 2011 година со освојувањето на Пункак Џаја (Карстензова пирамида) во Океанија.
Светскиот рекорд е верификуван и потврден од врвниот консултант на Гинисовата книга на рекорди за алпинизам, Еберхард Јургалски. Со ова глобално признание, името на Сашко Кедев добива вечно место во историјата на планинарството, а Македонија добива врвен амбасадор на нескршливиот човечки дух.
„Најстариот алпинист кој ги искачил сите 14 планини повисоки од 8.000 метри, достигнувајќи ги нивните вистински највисоки точки, е Сашко Кедев од Македонија.“ — објавија од Гинисовата книга на рекорди.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден







