
Според христијанското учење, Архангел Михаил е врховен заповедник на небесните војски и главен заштитник на православната вера од злите сили. Неговото име во превод значи „Оној што е како Бог“, а низ вековите се слави како непобедлив воин, заштитник на војниците, полицајците и сите борци за правда.
Судија на душите и „душевадник“
Во македонското народно творештво и верувања, Свети Архангел Михаил има посебна, по малку мистична улога. Народот го нарекува „душевадник“ или ангел на смртта, бидејќи се верува дека тој стои покрај постелата на секој човек во неговите последни мигови. Според преданијата, тој во рацете држи терезија (вага) на која ги мери добрите и лошите дела на покојникот, по што праведно одлучува каде ќе замине неговата душа. Сепак, тој не е само строг судија, туку и исцелител за оние кои искрено се молат за здравје и спас.
Најголемата грешка на домаќините за слава
Арангеловден е една од најчестите домашни слави во Македонија. Но, со овој празник е поврзана и една голема заблуда која црквата постојано се обидува да ја поправи. Голем број домаќини не варат пченица (коливо) за славата, мислејќи дека Архангел Михаил е „жив светец“. Свештениците нагласуваат дека ова е голема грешка – пченицата не се принесува за светецот да се „нахрани“ или затоа што тој починал, туку се принесува во слава на Бога и за покој на душите на починатите предци од семејството. Затоа, варената пченица е задолжителен дел од славската трпеза.
Народни обичаи и предвидување на времето
Освен милосрдието и помагањето на сиромашните, нашите предци со векови го следеле времето на овој празник. Постои старо верување дека какво ќе биде времето на Арангеловден, таква ќе биде целата зима, но и пролетта. Ако денот е ведар и сончев, нè очекува пријатна зима, а доколку е облачно и студено, студот ќе се задржи долго.
На 21 ноември, задолжително посетете црква, запалете свеќа и помолете се за здравје, мир и заштита за вас и вашите најблиски. Да им е честит именденот на сите што го носат името Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна и Ратка!
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден






