
Видео разгледница од најпознатите знаменитости
По повод празникот, претседателот на Владата објави специјално подготвено видео на својот официјален профил на „Фејсбук“. Во видео материјалот се прикажани дел од најпрепознатливите македонски предели и историски знаменитости кои сведочат за богатото наследство и убавината на земјата.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Граѓаните преку објавата можат да уживаат во спектакуларни кадри кои го опфаќаат центарот на Скопје, текот на реката Вардар, како и погледи од Скопското кале. Видеото ги води гледачите и низ останатите бисери на државата, вклучувајќи ги езерото Козјак, Охрид и Струга со познатата црква „Св. Јован Канео“, археолошкиот локалитет Плаошник, величествената Самуилова тврдина, како и историското Крушево со споменикот „Македониум“.
„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“, напиша премиерот Мицкоски во кусата, но емотивна порака која ја придружува објавата.
Оваа видео честитка е само дел од богатата програма и чествувањата кои денеска се одржуваат ширум целата држава по повод јубилејот од историскиот референдум за независност.


