во

Денеска е Свети Архангел Михаил: Празник на простувањето, а старо верување открива каква зима нè чека!

Православните христијани денеска, 21 ноември, го празнуваат Свети Архангел Михаил, познат и како Арангеловден – една од најчестите семејни слави кај македонскиот народ. Според народните верувања, денот треба да се помине во молитва за здравје, но и во простување на оние што ни згрешиле.

Војводата на небесната војска и легендите за чудотворните исцелувања

Според христијанското предание, кога Луцифер се побунил против Бога и повлекол дел од ангелите со себе, токму Архангел Михаил застанал на чело на верната небесна војска во борбата против злото. Поради тоа, на фреските и иконите најчесто е прикажан како воин со меч, а според народните преданија, тој стои пред рајските порти со вага на која ги мери добрите дела и гревовите на човекот, при што нему му е доверена и задачата да ги зема душите во последниот час. Денеска именден празнуваат Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна и Ратка.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

За Архангел Михаил се врзуваат и бројни преданија за чудотворни исцелувања. Меѓу најпознатите е приказната за момчето Василиј Карастирис, кое по тешка повреда на главата морало да оди на итна операција со неизвесен исход. Пред зафатот, на момчето му се јавил Архангел Михаил, охрабрувајќи го дека тој ќе ја води раката на лекарот. Операцијата, извршена токму на 21 ноември, завршила успешно и момчето целосно оздравело.

Народни обичаи, верувања и прогноза за зимата

Според старото верување, при поделбата на улогите меѓу светците, Архангел Михаил ги добил есента и зимата. Народните преданија велат дека во овој период тој талка низ светот преправен во просјак за да ги испита луѓето и да им помогне на оние во неволја. Во минатото, во некои краишта на овој ден се колел курбан и се приредувале гозби, додека во охридскиот крај постоел обичај на Арангеловден да се колат свињите одгледувани за зимата.

Особено раширено е верувањето дека времето на Арангеловден ја најавува претстојната зима – какво што е времето денеска, такво ќе биде и во текот на зимската сезона. Сепак, за верниците најважно е празникот да се помине во мир, молитва и желби за благосостојба на семејството.

„Според старото народно толкување, какво што е времето на Арангеловден, такво ќе биде и во текот на зимската сезона, а на овој ден треба да се помолите за здравјето на најблиските и да им простите на оние што ви згрешиле.“

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кремаста салата што ќе биде ѕвезда на славската трпеза: Подгответе ја ден порано, а гостите ќе бараат парче повеќе!

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче продолжуваат со неосновани обвинувања за „Алта банка“, се најавува ново кривично дело