
Литургијата ја служеше митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, а по молитвениот дел, премиерот упати порака за значењето на македонските духовни корени. Мицкоски нагласи дека светите места се траен потсетник на вредностите што го обединуваат народот – верата, достоинството и почитта кон минатото.
Традиција и порака за идните генерации
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Од Кумановско-осоговската епархија истакнаа дека присуството на премиерот на празничните богослужби во овој манастир претставува дел од континуираната традиција која придонесува за зачувување на духовноста и споменот на Свети Јоаким Осоговски. Мицкоски порача дека сите заедно имаат обврска да го чуваат и почитувајт она што е оставено во наследство за идните генерации.
„Нашите свети места се потсетник на вредностите што нè обединуваат – верата, достоинството, почитта кон минатото и одговорноста кон идните генерации.“


