во

Скандал со социјалната помош: Починати и иселени лица со години земале пари од државата

Повеќе од 4.500 починати, иселени и фиктивни лица нелегално примале социјална помош од државата. Премиерот Христијан Мицкоски обелодени огромен скандал со кој буџетот се оштетувал за милионски суми.

Во досегашните теренски и системски проверки се откриени фрапантни податоци за злоупотреба на гарантираната минимална помош и социјалната сигурност. Според премиерот Мицкоски, станува збор за над 4.500 лажни корисници на кои неосновано и редовно им биле исплаќани државни средства. Меѓу нив имало починати граѓани, лица кои одамна се иселиле од државата, како и целосно измислени профили.

Заштеда од 25 милиони евра годишно

Супер Попуст -25%

По направените ревизии, износот за исплата на социјална помош овој месец е намален за дури 200 милиони денари во споредба со истиот месец лани. Проценките покажуваат дека на годишно ниво од буџетот се одлевале околу 25 милиони евра за овие нелегални исплати. Проверките сè уште не се целосно завршени, а преостанува да се ревидира уште околу една петтина од вкупниот број корисници низ државата.

„До овој момент имаме повеќе од 4.500, значи не 45, не 450, туку 4.500 лажни корисници. Како е тоа возможно? Возможно е затоа што корисници биле, за жал, починати луѓе, отселени луѓе, лажни луѓе.“

Контролите продолжуваат и во здравството

Мицкоски најави дека ова е само почеток и дека строгите контроли нема да запрат со системот за социјална заштита. Следни на удар ќе бидат и другите сектори, со посебен фокус на здравството, каде исто така се сомнева на големи злоупотреби и постојат можности за огромни заштеди на јавни средства. Ослободените пари од овие реформи, како што потенцираше премиерот, ќе се пренасочат директно кон капитални инвестиции кои ќе создадат услови за привлекување на нов капитал во економијата.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Милошоски: Уставот не е конзерва риби да се отвора кога ќе ви текне

Емоции во студиото: Бојан Илиевски се врати во Ѕвездите на Гранд и ја прегрна својата менторка Цеца