
Критики за минималната плата, синдикатите и даночната политика
Одговарајќи на новинарско прашање, Мециновиќ оцени дека миграциските политики не смеат да се разгледуваат одвоено од тешката положба на домашните работници, ниските плати и масовното иселување. Тој го критикуваше односот на ВМРО-ДПМНЕ кон работниците и синдикатите, посочувајќи дека власта стигнала дотаму да се расправа за содржината на потрошувачката кошница – ситуација што ја спореди со супермаркет во кој Владата му ги вади основните производи на граѓанинот и го убедува дека не му се потребни.
Според пратеникот, македонската економија тоне, додека домашната олигархија се однесува како земјата да е Монако или Силиконската долина. Тој повторно го отвори прашањето за прогресивното оданочување, тврдејќи дека власта нема храброст да го воведе за да не ги засегне најбогатите, иако нивното богатство е создадено врз основа на домашната инфраструктура, пазарот и трудот на работниците.
Предупредување за увозот на работна сила и „Third Country Hubs“
Осврнувајќи се на миграциската политика и најавите за увоз на странска работна сила, Мециновиќ предупреди на европските политики познати како „Third Country Hubs“, нагласувајќи дека Македонија не смее да стане полигон за решавање на проблемите на други држави. Тој оцени дека за разлика од Европската Унија, каде што за овие теми се води отворена политичка дебата, кај нас тие се протнуваат преку измени на правилници и закони без суштинска јавна расправа.
Мециновиќ заклучи дека ваквиот пристап претставува длабока противречност во економската политика, бидејќи државата не обезбедува услови за достоинствен живот на сопствените граѓани, а истовремено отвора врата за увоз на работна сила, што дополнително ќе го продлабочи иселувањето.
„Владата ќе направи сѐ, освен да удри по олигархијата која го цица македонскиот народ веќе триесет години. Три години не ја зголемува минималната плата. Влада крвник на сопствениот народ!“, изјави пратеникот Амар Мециновиќ.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден







