
Регионално поврзување: Интерконектори со Грција и Србија
Градежните активности за интерконекторот со Грција, кој е со должина од 68 километри на македонска територија, се во полн ек. Досега се испорачани 64 километри цевки, заварени се 43 километри, а 18 километри се веќе спуштени во ров, додека експропријацијата е завршена 97 проценти. Овој проект, кој се очекува да биде готов до средината на 2027 година, е поддржан со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Паралелно, по договорот од август оваа година, започнати се и активностите за дефинирање на трасата и проектирање на интерконекторот со Србија, кој ќе биде долг 23 километри на македонска страна. Неговата изведба е предвидено да се финансира од сопствени средства на НОМАГАС.
Домашна мрежа пред ставање во функција и политички деманти
Се создаваат услови и за пуштање во употреба на домашните гасоводни делници Клечовце–Неготино, Неготино–Битола и Скопје–Тетово–Гостивар, чија вкупна должина изнесува 277 километри. Во моментов се спроведуваат неопходните технички проверки, сервисирање и сушење на системот за негово безбедно ставање во функција.
Во однос на реакциите на политичките партии СДСМ и Левица околу ребалансот на буџетот, Министерството категорично ги отфрли обвинувањата дека државата се откажува од гасификацијата. Појаснето е дека пренаменетите средства биле планирани за набавка на стратешки резерви на природен гас, што моментално не може да се реализира поради ограничената достапност на прекуграничните транспортни капацитети кон Бугарија, а не поради стопирање на инфраструктурните проекти.
„Промената во потпрограмата ‘Гасификација’ не треба автоматски да се изедначува со кратење на средствата за изградба на гасоводите. Буџетското усогласување треба да се разгледува во контекст на реалните услови за снабдување, а не како одлука за напуштање на гасификацијата“, децидни се од Министерството.


