во ,

АЛАРМАНТНО ВО РЕГИОНОТ: Западнонилската треска се шири во Грција, епидемија прогласена и во Скопје!

Западнонилската треска забрзано се шири низ Балканот! Додека Грција бележи драстичен пораст со 45 нови случаи за само една недела, ситуацијата е алармантна и во Македонија каде веќе е прогласена локална епидемија во повеќе скопски општини.

Според податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција, од почетокот на летото се потврдени вкупно 110 заразени лица. Во изминатата недела се регистрирани три нови смртни случаи, а дури 81 пациент развил сериозни симптоми поврзани со централниот нервен систем, вклучително енцефалитис, менингитис или акутна парализа. За споредба, минатата година во Грција имало вкупно 96 случаи.

Епидемија во Скопје, петмина во тешка состојба

Супер Попуст -25%

Состојбата со опасниот вирус е крајно сериозна и во Македонија. Министерството за здравство вчера официјално прогласи епидемија во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и во населбите Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.

Од почетокот на годината во државата се потврдени 24 случаи на западнонилска треска. Дваесет заболени се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, од кои петмина се наоѓаат во тешка состојба и се приклучени на механичка вентилација. За жал, регистриран е и еден смртен случај кај 83-годишен пациент од Скопје, кој имал и други придружни заболувања.

„Иако инфекцијата кај повеќето луѓе минува без симптоми, ризикот од тешки невролошки компликации е исклучително висок кај повозрасните лица и оние со ослабен имунитет.“

Како да се заштитите од заразните комарци?

Болеста се пренесува исклучиво преку убод од заразен комарец. Здравствените власти апелираат на максимална заштита и претпазливост. Се препорачува користење репеленти, поставување мрежи на прозорците, носење облека со долги ракави и избегнување престој на отворено во периодите кога комарците се најактивни – околу зајдисонце и рано наутро.

Доколку почувствувате висока температура, силна главоболка, вкочанет врат, конфузија или слабост во екстремитетите, лекарите советуваат веднаш да побарате итна медицинска помош поради опасноста од сериозни невролошки последици.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

УКРАИНА ВО ОФАНЗИВА: „Ќе ја запреме руската воена машинерија со уништување на инфраструктурата!“

АЛБАНИЈА ВО ПЛАМЕН: Девет активни пожари, над 450 луѓе се борат со огнената стихија!