
„Дамка за човештвото“ и прекин на соработката со „Elbit Systems“
Филип Убовиќ, претставник на „Студентската листа“, за британскиот медиум „Novara Media“ изјави дека нивната политичка платформа експлицитно предвидува крај на трговијата со оружје со Израел. Осудувајќи ја израелската инвазија на палестинските територии, тој ги нарече овие зделки „дамка за човештвото“.
Според Убовиќ, скандалозниот проект за фабриката за беспилотни летала во белградската населба Макиш – каде што неодамна започна соработката меѓу Србија и израелската компанија „Elbit Systems“ – мора веднаш да биде запрен. Српската истражувачка мрежа БИРН претходно откри дека извозот на српско оружје кон Израел достигнал вртоглави 114 милиони евра. Дополнителен сомнеж фрла и фактот што регистриран сопственик на локалната фирма „SDS Technologies“ е лондонската компанија „CUPA Limited“, што не соодветствува со првичните најави за заедничка сопственост со државната „Yugoimport“.
Страв од колапс на одбранбената индустрија
Ваквите најави наидоа на гневен одговор од Александар Вучиќ, кој преку видео обраќање на Инстаграм го обвини студентското движење дека работи по налог на странски разузнавачки служби со единствена цел – уништување на српскиот одбранбен и безбедносен сектор. Тој изрази сериозна загриженост и поради нивните предлози за укинување на штотуку воведениот задолжителен воен рок од 75 дена, како и за прекинување на соработката со воени сили како Кина и Израел.
На острите критики се надоврза и Ана Брнабиќ, која алармираше дека ваквиот радикален прекин на извозот и воената соработка може да доведе до колапс во наменската индустрија, при што повеќе од 20.000 работници би можеле да останат без своите работни места.
„На што ви личи ова? На кого ја предаваме државата? И од кого – и како – ќе можеме да се заштитиме и одбраниме? Дали ова ве потсетува на она што го гледавме помеѓу 2000 и 2012 година?“ — праша Александар Вучиќ во своето обраќање.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден







