
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно осум лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување. Според наводите на Обвинителството, со овие незаконски дејствија во Државната лотарија е предизвикана огромна материјална штета која се проценува на вртоглави 507.632.173 денари.
Еден во бегство, Груби останува во куќен притвор
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Ситуацијата со обвинетите е различна. Обвинителството побара 30 дена притвор за поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој во моментов е во бегство и е недостапен за органите на прогонот. За Артан Груби, кој веќе шести месец е во куќен притвор, предложено е продолжување на мерката. За останатите обвинети се бараат мерки на претпазливост како редовно јавување во Судот, одземање пасоши и забрана за контакти.
„Обвинетите биле целосно свесни дека Државната лотарија нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа преку видеолотариски терминали, бидејќи тоа право веќе било вложено во Државна видеолотарија со ‘Касинос Австрија’.“
Незаконско туркање на дневен ред во Владата
И покрај постоечките договори, во 2023 година биле преземени низа активности за Државната лотарија повторно да започне самостојно со приредување на игрите на среќа. Информацијата за овие спорни активности била намерно вметната како дополнување на дневниот ред на владина седница, иако Владата воопшто не била надлежна за нејзино разгледување во својство на Собрание на Акционерското друштво.
Сега, целиот случај влегува во клучната судска фаза. На 24 август започнува главната расправа каде ќе треба да се докаже вината, додека законскиот рок за куќниот притвор на Груби продолжува да тече, кој може да трае најдолго уште 60 дена од денот на поднесувањето на предлогот.


