
Спорна медицинска дијагноза за лекување во Бугарија
Според информациите презентирани од партискиот портпарол Манасиевски, извештајот за дијагнозата на Михаилова го изготвил д-р Иван Барбов. Овој лекар во 2017 година беше поставен за директор на Клиниката за неврологија токму од страна на Заев и Филипче. Во спорниот медицински извештај, лекарот навел дека неопходниот метод за лекување на пациентката го нема во Македонија и дека таа мора итно да замине во соседна Бугарија, со што практично ѝ се овозможило напуштање на државата.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на минатото на д-р Барбов:
- Тој е познат во јавноста како правосилно осуден во мега-скандалот „Метастаза“.
- Беше меѓу обвинетите за посредување и илегално издавање на инвалидски пензии (земајќи од 1.500 до 4.000 евра по лице).
- Во овој случај нелегално биле заработени 165.000 евра, а Фондот за здравство бил оштетен за над 53.000 евра.
Барање за итна истрага
Партијата изрази сериозен сомнеж дека зад целата медицинско-дипломатска операција стои координирана спрега меѓу поранешните македонски функционери и софиските власти, обвинувајќи дека единствени кои ликуваат на ова бегство се Румен Радев и раководството на СДСМ.
„Дали Филипче и Заев ургирале кај нивниот криминален другар д-р Барбов да направи ваква дијагноза за Михаилова затоа што се директно уценети од Румен Радев? Зошто си играат со довербата на граѓаните?“, праша Манасиевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат итна реакција и отворање на истрага од страна на надлежните обвинителски органи по допрен глас со цел да се расветлат сите околности околу заминувањето на Михаилова.


