
Драстичен пад на поддршката и славење порази
Од владејачката партија истакнуваат дека СДСМ се обидува да најде утеха во катастрофалните изборни резултати, посочувајќи го конкретниот пораз од 4 спрема 1 на неодамнешните локални избори во општина Брвеница.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Според ВМРО-ДПМНЕ, бројките и фактите најдобро ја отсликуваат состојбата во која се наоѓа нивниот политички опонент, каде што партијата завршила на четвртото место во Куманово и Брвеница, а дури на петтото место во главниот град Скопје.
Партија без политичка визија
Во реакцијата се наведува дека СДСМ на чело со Филипче, а под менторство на поранешниот лидер Зоран Заев, се претворила во политички субјект без јасна визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива кај граѓаните.
„СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и сè помала поддршка од граѓаните“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање до јавноста.


