
СДММ бара одговорност за потрошените средства и условите
Реакцијата на ресорното министерство следува по прес-конференцијата на потпретседателот на СДММ, Бојан Цветаноски, кој праша како се потрошени средствата за реконструкцијата доколку студентите повторно се соочуваат со несоодветни услови, влага, протекување вода и проблеми со греењето.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Од подмладокот на опозициската партија побараа објавување на сите трошоци и договори, проверка на состојбата и утврдување одговорност за евентуалните пропусти, критикувајќи ја зголемената партиципација за сместување која сега изнесува 6.600 денари месечно.

Јаневска: Ситуациите се изолирани и санирани, храната е по стандарди
Министерката Весна Јаневска преку објава на социјалните мрежи демантираше дека условите се лоши и отворено ги повика претставниците на СДСМ лично да го посетат домот за да направат увид. Таа појасни дека „Стив Наумов“ е првиот од деветте студентски домови кои ќе бидат темелно и енергетски ефикасно реновирани, а објектот е под гаранција, па изведувачот навремено ги отстранува сите недостатоци.
„Несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници. Раководството се соочи со запушена канализација поради фрлени влажни марамици; активиран алармен систем поради заборавена храна во микробранова печка, како и поради запалена цигара; откорнат радијатор; паркирани автомобили на зелени површини. Сите ситуации се надминати“, порача Јаневска, додавајќи дека и храната во домот целосно ги исполнува пропишаните нутритивни стандарди.


