во ,

Внимавај. ВНИМАВАЈ! Стави уште малку масло! О Боже!


Една жена си пржи јајца за појадок на нејзиниот сопруг. Одеднаш нејзиниот маж влегува во кујната:

• Внимавај. ВНИМАВАЈ! Стави уште малку масло! О Боже! Ги пржиш премногу и одеднаш. ПРЕМНОГУ! Преврти ги! СЕГА СВРТИ ГИ! Треба повеќе масло. Уф! КАДЕ ЌЕ НАЈДЕМЕ ПОВЕЌЕ МАСЛО? ЌЕ СЕ ЗАЛЕПАТ! Внимавај… ВНИМАВАЈ! Ти реков ПАЗИ! НИКОГАШ не ме слушаш додека готвиш! Никогаш! Преврти ги! Побрзај! Дали си луда? Дали си тотално без памет? Не заборавај да ги посолиш. Секогаш забораваш да ги посолиш. Солта. СОЛ! СОЛ!

Жената го погледнала зачудено:

• Што ти е бе тебе? Мислиш да не знам да испржам неколку  јајца?

Човекот мирно одговорил:

• Не, само сакав да ти покажам како ми е мене додека возам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

19 Дами кои одлучија дека стилистот знае најдобро

Како би изгледале некои од најголемите историски личности кога би живееле во 21 век