
Сообраќајна состојба и предупредувања за одрони
Сообраќајот на државните патишта моментно се одвива непречено, но по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. За оние кои патуваат кон Охрид или Ресен, важно е да знаат дека патниот правец преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелираат на исклучителна внимателност, особено при возење низ котлините, речните долини и клисурите, поради зголемен ризик од појава на одрони. Ова предупредување посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Времен режим и градежни активности на патиштата
Покрај задолжителната зимска опрема, возачите треба да бидат внимателни и поради бројните градежни активности кои се одвиваат на повеќе патни правци низ државата. На автопатот А2 (Кичево – Охрид) во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, се изведуваат работи за санација на левиот коловоз, поради што е воведен времен режим.
Времени режими на сообраќај се воспоставени и на делницата Гостивар – Кичево кај мостот на река Тајмишка, на патниот правец Струга – Дебар (кај браната „Глобочица“), како и на автопатот Гевгелија – ГП Богородица каде сообраќајот е пренасочен да се одвива двонасочно на едната страна. Измени има и на правците Прилеп – Битола (клучка Лагово до Тополчани), Скопје – Блаце, и кај граничниот премин Делчево каде се врши реконструкција.
„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.“
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден







