во , ,

„Во ред е да си уморен, во ред е кога таа плаче во твоите раце“: Искрена порака за сите прекрасни татковци

Татковците често не ја имаат истата поврзаност со бебенцата како мајките, па неретко се прашуваат дали прават доволно за нивните дечиња и дали се добри родители.

Артистот Јехуда Ади Девир и неговата сопруга Маја споделија илустрација заедно со искрена порака посветена на сите прекрасни татковци ширум светот.

Прочитајте ја:

Во ред е.

Во ред е кога таа плаче во твоите раце.

Во ред е кога таа ја бара само мајка ѝ.

Во ред е што не можеш да ја заспиеш.

Во ред е кога сè уште не го разбираш твојот статус.

Во ред е што ја немаш таа поврзаност за која сите зборуваат.

Во ред е што сè уште не ја разбираш суштината на твојата работа.

Во ред е ако не можеш да ја насмееш.

Во ред е да си уморен.

Во ред е да си нервозен.

Во ред е ако нештата не успеат за тебе.

Во ред е да побараш прегратка.

Во ред е да споделуваш со партнерот сè низ што поминуваш, дури и ако не изгледа мажествено.

Во ред е тоа што животот ти се промени.

Во ред е што твоите планови се откажаа.

Во ред е што немаш време за ништо.

Во ред е да се чувствуваш слабо.

Во ред е да ти се менува расположението.

Во ред е да се чувствуваш осамено.

Во ред е да побараш помош.

ВО РЕД Е…

Креативниот артист од Тел Авив се прослави со забавните илустрации во кои прикажува ситуации од секојдневието со саканата, а сега и со малата ќеркичка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Артист ги илустрира Дизни принцезите во невестински фустани

Влева Блажо у спалната наапан, го отвара шифоњерот, унатре гол маж, по мал од него…