
Германија се подготвува за повторно воведување на задолжителна воена служба за сите мажи над 18 години, откако владејачките партии ЦДУ/ЦСУ и СПД постигнаа договор со министерот за одбрана Борис Писториус, јавува „Билд“.
Сите мажи ќе мора да се регистрираат и да поминат лекарски прегледи. Доколку нема доволно доброволци, ќе се користи систем на лотарија за избор на кандидатите. Оние што ќе служат ќе примаат бруто плата од 2.600 евра, а оние кои ќе останат подолго ќе добијат и бонуси, како субвенција за возачка дозвола.
Цел: Резерва од 200.000 војници
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Целта на законот е создавање резервен состав од околу 200.000 војници кои би можеле брзо да се мобилизираат во случај на национална вонредна состојба. Волонтерите ќе поминуваат основна обука за чуварски должности.
Регрутирањето е задолжително само за мажи, кои прво треба да пополнат прашалник. Жените можат да се вклучат исклучиво доброволно, бидејќи германскиот Устав не предвидува задолжителна служба за нив.


