во

Шокантни детали од Богданци: 21-годишниот Виктор имал активна судска забрана за приближување до 17-годишната Билјана

Трагичниот настани од 3 ноември во Богданци, во кој животот го загуби 17-годишната Билјана, отвори сериозни прашања за институционалната заштита, откако се откри дека осомничениот 21-годишен Виктор Гунтеров имал активни судски мерки за забрана за приближување и комуникација.

Претходни пријави и изречени судски мерки

Според информациите од истражните органи, случајот со семејно насилство бил пријавен во полиција од страна на таткото на девојката на 30 септември. По реакцијата на Центарот за социјални работи од Гевгелија, Основниот суд донел одлука на 16 октомври за привремени мерки за заштита, кои му биле доставени на Гунтеров на 19 октомври.

Супер Попуст -25%

Мерките строго му забранувале на 21-годишниот осомничен да ја вознемирува, малтретира или на кој било начин да стапува во контакт со малолетната Билјана. Исто така, му било забрането физички да ѝ се приближува на помалку од 100 метри од нејзиното живеалиште и од Средното училиште „Богданци“, каде што таа била ученичка. Од Основното јавно обвинителство информираат дека до кобната вечер немало нови пријави за кршење на овие мерки.

Пронајдени тела покрај запалено возило и очекување на обдукција

Телата на Билјана и Виктор беа откриени покрај запален автомобил во Богданци, откако локален жител пријавил пожар. Според првичните сознанија на истрагата, постојат сомнежи дека Виктор ја усмртил девојката со палење, а потоа си го одзел животот со бесење.

Јавноста и надлежните институции со големо внимание ги очекуваат конечните резултати од обдукцијата, кои треба точно да ги утврдат причините и околностите под кои настапила смртта на двајцата млади, како и начинот на кој дошло до фаталната средба и покрај активните законски забрани.

„Дваесет и едногодишниот Виктор Гунтеров, осомничен за убиството на 17-годишната Билјана, имал активни шестмесечни судски мерки со кои му било забрането да ѝ се приближува и да ја контактира…“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Голема полициска акција во Грција: Разбиена мрежа за шверц на мигранти со заработка од над 750.000 евра, уапсени 10 осомничени

Наоди од минатото за време на изградба: При ископите на автопатот Битола–Прилеп пронајдени минофрлачки гранати од Првата светска војна