
Трагедија кај „Ичева чешма“ и претходни пријави за насилство
Случајот беше откриен на 3 ноември вечерта, кога во полицијата било пријавено запалено возило во месноста „Ичева чешма“, кај Горно Село во Богданци. На лице место било пронајдено телото на 21-годишното момче, додека по гаснењето на пожарот во автомобилот било откриено и второ изгорено тело, кое според претпоставките припаѓа на малолетната девојка.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
Според информациите од надлежните институции, трагедијата се случила по претходни пријави за насилство. Уште на 16 октомври, Основното јавно обвинителство во Гевгелија примило пријава за загрозување на сигурноста на девојката, по што биле преземени соодветни законски мерки против момчето.
Истрагата е во тек: Првични сомнежи за убиство и самоубиство
Првичните индиции од истрагата на обвинителството упатуваат на сомнежи за убиство и самоубиство, но точните околности и причини сè уште се утврдуваат. Наредена е обдукција на двете тела, а истражителите обезбедиле и снимки од видеонадзор кои треба да помогнат во комплетирањето на мозаикот за овој немил настани.
Локалната заедница во Богданци е длабоко потресена од загубата на двата млади живота, додека прашањата за институционалната заштита и навременото спречување на насилството остануваат во фокусот на јавноста.
„Првичните индиции на Обвинителството упатуваат на убиство и самоубиство, но точните околности сè уште се утврдуваат. Наредена е обдукција на двете тела, а истражителите обезбедиле и снимки од видеонадзор.“


