
Германската одбранбена индустрија се подготвува за сопствена сателитска мрежа што треба да ја намали зависноста од Starlink и SpaceX.
Компанијата „Рајнметал“ заедно со воздухопловната група „ОХБ“ планира развој на комуникациски сателитски систем за германските вооружени сили, споредлив со мрежата на Илон Маск. Проектот, според германските медиуми, е насочен кон поголема стратешка автономија на Бундесверот.
Проектот се вклопува во поширока германска стратегија за воена експлоатација на вселената.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Двата конзорциуми се во конкуренција за договор што би можел да достигне вредност од околу десет милијарди евра. Целта е обезбедување безбедна и независна комуникација во воени услови, без ослонување на странски приватни оператори.
Берлин најавува масивни инвестиции во вселенската безбедност.
Министерот за одбрана Борис Писториус минатата година најави вложувања од 35 милијарди евра во вселенски капацитети, што ја потврдува намерата на Германија да ја зајакне својата технолошка и безбедносна позиција во идните конфликти.


