во ,

Блокади на граничните премини за тешки товарни возила

Сообраќајот во земјава утрово се одвива по влажни коловози, додека снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка и на превојот Ѓавато, без задржување на патиштата.

Според последните информации, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а засега нема подолги задржувања на граничните премини за влез и излез од државата за патнички возила.

Блокадите се однесуваат исклучиво на тешки товарни возила кои излегуваат од државата.

Супер Попуст -25%

Од 12 часот е блокиран сообраќајот за тешки товарни возила на граничните премини Стар Дојран, Богородица и Меџитлија. Дваесет минути подоцна, истата мерка е воведена и на граничните премини Ќафасан и Блато.

Превозниците започнаа организиран протест и на северната граница.

Пред граничниот премин Долно Блаце од 12 часот е започнат протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај се пренасочува кон БП Дизел, додека останатиот сообраќај се одвива без пречки.

Блокади се пријавени и на источните гранични премини.

Од пладне започнати се блокади и на граничните премини Деве Баир, Делчево и Ново Село. Засега, ограничувањата важат само за тешки товарни возила кои излегуваат од државата, додека сообраќајот за останатите категории возила се одвива нормално.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија гради сопствен Starlink за воени цели

Трамп тврди дека Иран „се јавил повеќе пати“: Дали се готви голем договор?