
Детали од полициската акција и запленетата документација
Според информациите што ги соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, при претресите извршени кај осомничените биле пронајдени поголеми суми пари и обемна документација што укажува на незаконско давање пари на заем (лихварство) и сериозни изнуди на подрачјето на Куманово.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Поради сомнежи за проширување на мрежата и поврзаност со институциите, поднесен е предлог за вршење претреси и во нотарски канцеларии во градот, додека Народната банка веќе започнала вонредна контрола и ревизија на менувачница чии средства се поврзани со братот на еден од осомничените.
Заплена на докази и понатамошна истрага
По налог на надлежниот јавен обвинител, одземени се пронајдените возила, мобилни телефони, електронски уреди и целокупната документација која ќе служи како доказен материјал во понатамошната постапка.
Истражните органи интензивно работат на комплетирање на кривичната пријава, по што осомничените ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.
„Направени се претреси кај сите, при претресите се најдени поголема количина на пари, документација, која упатува дека лицата се занимавале со позајмици, давале пари на позајмици, вршеле изнуди“, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.


