
Епидемиолошка слика и жаришта по градови
Според извештајот објавен на 5 ноември, во периодот од 26 октомври до 1 ноември најголем број заболени се регистрирани во Тетово (48 случаи) и Куманово (26 случаи), кои заедно сочинуваат речиси 64 отсто од вкупниот број во државата. Во Скопје се евидентирани 13 заболени, додека во Прилеп и Гостивар има по седум случаи.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Најзасегната возрасна група се лицата од 15 до 64 години со 84 заболени, додека кај повозрасните над 65 години се регистрирани 25 случаи. Лабораториските анализи потврдија циркулација на инфлуенца А (вклучувајќи го тимот А(H1)pdm09), како и присуство на коронаровирус (SARS-CoV-2) кај еден испитан примерок.
Состојбата е под меѓусезонско ниво, продолжува вакцинацијата
И покрај значителниот скок, од ИЈЗ нагласуваат дека земјата сè уште не го достигнала прагот за официјална сезонска активност. Моменталната инциденца изнесува 6,3 случаи на 100.000 жители, додека граничната вредност за влез во епидемиски бран е 7,32 случаи на 100.000 жители. Со тоа, од почетокот на сезоната 2026/2027 вкупно се евидентирани 343 случаи.
Паралелно, здравствените власти потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита. Досега со бесплатни вакцини се имунизирани 11.629 лица од ризичните категории, а процесот продолжува преку центрите за јавно здравје.
„Грипот се засилува во Македонија, со речиси двојно повеќе пријавени случаи за само една недела… И покрај значителниот раст, ИЈЗ соопштува дека состојбата сè уште е на меѓусезонско ниво.“


