во

Голем успех за македонската медицина: Наши хирурзи дел од престижно светско научно истражување за откривање карциноми со специјални очила

Македонски хирурзи од Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија рамноправно учествуваат во значајно светско научно истражување со научници од САД, развивајќи специјални очила со камери кои овозможуваат прецизно забележување на канцерогени промени и лимфни јазли кои се невидливи со голо око.

Иновативна технологија со инфрацрвена светлина

Новата технолошка платформа се потпира на специјални очила опремени со модифицирани камери кои користат инфрацрвена светлина и флуоресцентни маркери. Ова им овозможува на хирурзите во реално време да ја визуелизираат точната локација на туморските промени, границите на зафатеното ткиво и лимфните јазли за време на самите операции кај пациенти со карцином на дојка, белите дробови и заболувања на тироидната жлезда.

Супер Попуст -25%

Целта на проектот е да се обезбедат помалку инвазивни зафати и целосно отстранување на канцерогените клетки на оперативните рабови, што директно придонесува кон подобар исход за пациентите.

 

Десетгодишна соработка крунисана со престижни признанија

Во ова пионерско истражување активно учествуваат проф. д-р Виктор Груев од Универзитетот во Илиноис, директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, д-р Игорче Џиковски, и вонредниот проф. д-р Борислав Кондов. Нивната соработка трае цело десетлетие, а резултатите од досегашната работа веќе беа објавени во врвното научно списание „Light: Science & Applications“, кое е дел од групацијата „Nature“ и има импакт-фактор од 24.0.

По успешната пилот-студија спроведена во Македонија и на Универзитетот во Пенсилванија, тимот доби значаен грант од Националната фондација за наука во САД за продолжување и проширување на проектот.

„Паралелно работевме студија и во Македонија и во Америка, на Универзитетот во Пенсилванија. Колку што учиме во Америка, учиме и тука, во Македонија. Работите што ги откриваме овде можат да се применат секаде“, истакна проф. д-р Виктор Груев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Голема полициска акција во Куманово: Уапсени пет лица за изнуда и перење пари, под лупа се најдоа и нотари и сомнителна менувачница

Добри вести за граѓаните: Од денеска започнува исплатата на социјалната помош за корисниците со сметки во Алта банка