во

Голема кражба на струја во Кичево: Откриен специјален уред за манипулација со броила во казино, штетата е над 2,7 милиони денари

Специјализираниот тим на Електродистрибуција откри класична кражба на електрична енергија во казино лоцирано на Магистрален пат во Кичево, каде со помош на уред од црниот пазар свесно се манипулирало со мерните уреди.

Абнормални фреквенции и уред за манипулација на црниот пазар

По спроведени детални анализи на потрошувачката и континуирано следење на динамиката, теренската контрола во кичевското казино утврдила сериозни нерегуларности. Инспекторите регистрирале нетипично однесување на мерните уреди проследено со абнормално зуење во мерниот ормар.

Супер Попуст -25%

Со мерењата била утврдена фреквенција од 225 до 340 Hz, што претставува огромно отстапување од стандардните 50 Hz. Утврдено е дека бил користен специјален уред за манипулација со фреквенции, набавен на црниот пазар, со кој свесно се влијаело врз две броила за целосно или делумно нерегистрирање на реално потрошената струја.

 

Преземени мерки, пријава во МВР и милионска штета

По откривањето на измамата, од Електродистрибуција соопштија дека е составен Записник за неовластено користење и поднесена е соодветна пријава до МВР согласно член 235-а од Кривичниот законик.

Дополнително, за двете зафатени мерни места изготвени се две посебни фактури за надомест на предизвиканата штета, чиј вкупен износ изнесува 2.722.798 денари.

„Констатирано е: Нетипично однесување на мерните уреди, проследено со абнормално зуење во мерниот ормар. Со извршените мерења е регистрирана фреквенција од 225 до 340 Hz, што претставува значително отстапување од стандардните 50 Hz.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Остри критики од Левица: Власта го одби предлогот за субвенционирање станбени кредити за млади семејства

ВМРО-ДПМНЕ со сериозни обвинувања: Филипче и Заев да одговорат за сомнителни трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка