
Пријава од таткото и пронајдени предмети на плажата
Драмата започнала откако неговиот татко, З.С. од Скопје, на 14 септември во 18:10 часот пријавил во полиција дека неговиот син Б.С. се оддалечил од автокампот каде што престојувале. По оваа пријава, веднаш бил вклучен алармот кај сите надлежни служби и започнало пребарувањето на теренот.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Набргу потоа, на една од плажите биле пронајдени дел од неговата облека, мобилниот телефон и гумен чамец. Ова дополнително го зголемило сомнежот кај истражните органи и ја забрзало спасувачката акција, проширувајќи ја потрагата на вода и на копно.
Вклучени сите расположливи служби во потрагата
Во опсежната акција за пронаоѓање на младото момче се вклучени повеќе институции. На терен работат полициски службеници од Езерската полиција и СВР Охрид, кои детално го чешлаат крајбрежјето.
Поддршка во пребарувањето на водите и околниот терен даваат и членовите на Спасителната планинарска служба, како и специјализираниот нуркачки тим од клубот „Охрид“. Потрагата продолжува без прекин, а сите расположливи ресурси се на терен со надеж за брзо лоцирање на момчето.
„Надлежните служби интензивно ги пребаруваат водите на Охридското Езеро и околниот терен со цел пронаоѓање на исчезнатиот скопјанец и утврдување на сите околности поврзани со случајот.“
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден







