во ,

Го „уби“ сметката за струја: Kако Босанец „падна“ со 1.200 билки во Словенија

Словенечката полиција соопшти дека уапсила 42-годишен државјанин на БиХ, откако бил откриен дека одгледувал „џунгла“ од марихуана во зграда во близина на Козје, во источна Словенија.

Осомничениот бил откриен на многу необичен начин – откако локалната електродистрибуција забележала значително и необјасниво зголемување на потрошувачката на електрична енергија во таа зграда и веднаш ја известила полицијата.

Повеќе од само висока сметка – илегален приклучок

Кога полицијата пристигнала на лице место, открила дека во зградата има погон за одгледување марихуана кој бил нелегално приклучен на електричната мрежа и бил многу добро опремен. Истакнато е дека се запленети околу 1.200 растенија марихуана. Осомничениот, кој се товари за нелегално производство и трговија со дрога, останува во притвор.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наследниците ќе добијат „само“ 550 милиони, 10 милијарди одат за паркови и уметност

„Мислев дека сум го свртела наопаку“: Цеца ја откри целата вистина за знамето