
Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа концерт во Велес, Северна Македонија, на 31 октомври, пред околу 5.000 луѓе во спортската сала „Гемиџи“.
За време на настапот, некој од публиката ѝ подаде бугарско знаме, со кое пејачката се наметна, што предизвика различни реакции во публиката. По концертот, почнаа да кружат лажни информации дека Цеца морала да го прекине настапот поради инцидентот.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Сепак, сега се појави снимка од самиот крај на концертот, која ги демантира тие гласини.
📍Prva dama balkanske muzičke scene demantovala je juče da je pre vremena morala završiti koncert u Velesu, a evo i video dokaza! 🇲🇰#Ceca #Veles #Makedonija pic.twitter.com/tM2kJpaG0H
— Ceca Press (@PressCeca) November 4, 2025
Концертот одржан до крај, публиката скандирала
Како што може да се види на снимката, Цеца го завршила концертот во временскиот интервал што бил планиран, пеејќи повеќе од два и пол часа. Македонската публика на крајот ја поздравила со аплауз, додека Цеца им се поклонила наметната со знамето на Македонија, а потоа им се обратила:
„Ви благодарам најубаво мои драги Македонци, драги мои од Велес. Ова би било сè од мене, ве бакнува и ве сака вашата Цеца, живели!“ – порачала Цеца на публиката.
Додека заминувала од сцената, луѓето го скандирале нејзиното име и воодушевено ја поздравувале.
„Првата дама на балканската музичка сцена демантираше дека морала предвреме да го заврши концертот во Велес, а еве и видео доказ!“ – пишува во описот на еден од профилите каде што е објавено видеото од крајот на концертот.


