
Субвенции од државата и попусти од нафтените компании
Според најновата одлука, во периодот од 1 до 15 ноември државната субвенција ќе изнесува 20 центи за литар гориво за греење, 15 центи за дизел и 10 центи за безоловен бензин. Дополнително олеснување за граѓаните доаѓа и од самите нафтени компании, кои обезбедуваат попуст од дополнителни 20 центи за горивото за греење и пет центи за дизелот. Со ова, грчките домаќинства ќе добијат вкупно олеснување до 40 евроценти по литар за греење.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
И покрај овие мерки, грчката Влада соопшти дека досега вкупните мерки за поддршка на домаќинствата и компаниите достигнале 1,44 милијарди евра, од кои 897 милиони се директни интервенции поради поскапувањето на енергенсите. Како дополнителна заштита, надоместокот за греење за претстојната зимска сезона 2026–2027 е зголемен за 30 проценти.
Опозицијата и медиумите критикуваат: „Мерките се како аспирин“
Ваквите владини интервенции наидоа на остри критики од домашните медиуми и политичката опозиција, кои ги оценуваат мерките како краткорочни и недоволни. Економските портали „in.gr“ и „Оикономикос Тахидромос“ предупредуваат дека државата покрива само мал дел од реалните поскапувања (дизелот е поскапен за 44%, а бензинот за 25% во однос на периодот пред кризата) и дека субвенциите се само привремено гаснење на проблемот.
Критики пристигнаа и од политичките ривали. Милена Апостолаки од ПАСОК иронично праша дали Владата на секои 15 дена ќе излегува со ново продолжување наместо да понуди долгорочна предвидливост, додека партијата Нова левица побара привремено намалување на акцизите и дополнително оданочување на вонредните профити на рафинериите.
„Останува отворено прашањето дали овие двонеделни субвенции навистина ќе им помогнат на граѓаните да ја пребродат зимата која трае со месеци, или само привремено ќе го намалат ударот од скапите горива“, заклучуваат грчките економски аналитичари.


