во ,

Дали би сакале да ви понудам едни навистина посебни очила?

Се шетал Перо низ чаршија и здогледал човек што продавал наочари. Застанал и ги гледа, а продавачот го запрашал:

– Дали би сакале да ви понудам едни навистина посебни очила?


Перо го погледнал и му одговори:

– Дај да видам какви се.

Продавачот му намигнал и му подал едни црни наочари. Перо ги ставил и кога – што да види. Сите околу себе ги гледа голи. Весело го погледнал продавачот и му рекол:

– Ги земам одма!

Си тргнал Перо накај дома и по пат си се потсмевнувал гледајќи ги сите голи. Влегол дома и вика по жена му да и каже што купил. Кога ќе види жена му со комшијата Трпе
на троседот седат голи. Ги извадил наочарите, кога овие двајца и понатаму голи! Пак ги ставил наочарите, погледнува – пак голи..ги вади, овие и понатаму голи!

Се изнервирал, се свртел назад и излегол од дома мрчејќи:

– Еее кога ќе купиш евтино ѓубре, еве одма се расипаа сеа морам да ги менувам за други…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трпе и Цветко се сретнуваат горе и Трпе го прашува Цветко…

Жената се враќа дома со 2 торби со лименки пиво, 12 шишиња вино, 2 шишиња ракија…