во ,

„Дали се лета или се вози?“: Авион „заглави“ во сообраќајниот метеж во Букурешт!

Неверојатна сцена е снимена синоќа (7 ноември) во Букурешт, Романија, каде возачите на автомобилите морале да застанат и да му отстапат првенство на – авион!

На видеата кои станаа вирални на социјалните мрежи, се гледа како труп од авион, со специјална полициска придружба, се транспортира низ градските улици. Овој несекојдневен транспорт предизвикал огромен сообраќаен колапс во главниот град на Романија, кој траел речиси до полноќ.

Повеќе од само транспорт – авионот ќе стане хотел

Како што јавуваат медиумите, не станува збор за итен случај, туку за планиран транспорт. Станува збор за труп на авион кој некогаш припаѓал на компанијата „Blue Air“. Авионот се селел во градот Брашов, каде што ќе биде преуреден и ќе добие сосема нова намена – ќе стане луксузен хотел.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Не дозволувајте болката да стане поголема“: Родителите од „Пулс“ со порака до судиите