
Синоќа беше промовирана песната „Miracle“, во изведба на Нела Манческа, со која Македонија ќе настапи на овогодинешното издание на Јуниорскиот Евросонг 2025.
„Miracle“ е песна создадена од докажаниот тим Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), додека аранжманот го потпишува Иле Спасев. Според тимот, ова не е само песна, туку чувство кое раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе.

Повеќе од само песна – порака за надеж
„Со својот емотивен вокал и искрена интерпретација, младата Нела Манческа ја оживува пораката дека секое дете, секој човек, има сила да засвети и да остави свој траг,“ наведуваат од Јавниот телевизиски сервис. Видеоспотот, во режија на Огнен Шапковски, визуелно ја претставува оваа симболика.
Настап во Тбилиси на 13 декември
На 13 декември во Тбилиси, Грузија, Нела Манческа со нумерата „Miracle“ ќе настапи десетта по ред на 23-то издание на Јуниорскиот Евросонг.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден







