
Одобрение за соборување, но одлука да не се отвора оган
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека биле активирани системите за противвоздушна одбрана и дека воените радари постојано го следеле движењето на леталото. Иако воените власти дале одобрение за негово соборување, сепак одлучиле да не отвораат оган откако леталото го променило курсот, наведувајќи го како причина потенцијалниот ризик за цивилите.
Според полското радио RMF24, кое се повикува на извори блиски до полското Министерство за одбрана, станувало збор за извидувачко беспилотно летало на млазен погон, опремено со камери за надзор.
🚨 Footage from Poland's border regions after a Russian drone briefly violated Polish airspace 🚨 https://t.co/rlQhaXcgYG pic.twitter.com/th29joBsvQ
— NEXTA (@nexta_tv) November 24, 2026
Сирени за воздушна опасност и повик за засолнување во регионот Лублин
Леталото навлегло во полскиот воздушен простор во близина на Дорохуск, во регионот Лублин во источна Полска, каде што се задржало неколку минути пред да се врати на украинска територија. Во неколку полски градови се огласиле сирените за воздушна опасност, а властите ги повикале жителите да побараат засолниште, пред тревогата подоцна да биде укината.
Од Оперативната команда на полските вооружени сили наведоа дека ситуацијата постојано се следи и дека полската противвоздушна одбрана останува подготвена да одговори на какви било понатамошни закани.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден







