
Во постапката што се води во Македонија, двајца од осомничените веќе ја признале вината за шверцот. Основниот кривичен суд им изрече затворски казни во траење од три години и шест месеци, односно три години и осум месеци.
Медицински канабис како параван за шверц
Според деталите од истрагата, како главен параван за нелегалниот транспорт била користена скопска фирма која поседувала официјална лиценца за одгледување канабис за медицински цели и производство на екстракти. Сопствениците на оваа компанија директно го организирале преносот на дрогата.
„Марихуаната најмалку пет пати била пренесувана со товарни камиони. За да се избегне сомнеж на границите, како покритие биле користени царински декларации за транспорт на текстил, храна, перници и јоргани.“
Магацинот во Крушевац и запленети 5 тони
Откако камионите успешно го поминувале граничниот премин Табановце, нелегалниот товар бил носен во специјален магацин во близина на Крушевац, Србија. Таму пратките се препакувале, по што се дистрибуирале низ Белград и во други држави.
- Во истиот тој магацин, српските власти открија и запленија пет тони марихуана.
- За овој случај, во Србија веќе е поднесено обвинение против шестмина членови на групата.
- Во Македонија истрагата сега се проширува на дополнителни седум осомничени лица кои биле дел од ланецот.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден







