во , ,

Две семејства, од Земјата и од Марс, биле големи пријатели…

Две семејства, од Земјата и од Марс, биле големи пријатели. Редовно се собирале и се забавувале – песни, танци, алкохол. По некое време почнало да им здосадува, па една вечер мажите решиле да си ги разменат сопругите само за вечерта.

Отишол Земјанинот со Марсовката во спалната, ама нешто постојано го копкало, што ли ќе прави жена му со Марсовецот во другата соба. Решил пред да почне да отиде да наслушне на вратата што се случува. Отишол, го залепил увото за вратата и по некое време ја слуша жена си: “Ха-ха-ха…” По мала пауза пак: “Ха-ха-ха…” По малку и трет пат, но овој пат најдолго: “Ха-ха-ха-ха-ха….”

Наредното утро ја прашува:

– Тебе сношти изгледа ти беше многу убаво… Зошто се смееше толку?

Жена му му одговара:

– Што да ти кажам, се соблековме голи и гледам онаа работа на Марсовецот е толку мала (покажува со прстот), како цигара. И ме фати смеа!

– Добро, а вториот пат зошто се смееше? – прашува мажот.

– Па како што му беше толку мал, Марсовецот почна да си ги врти ушите и тоа кога фати да расте, порасна е толкав (покажува до лактот), како шише од 2 литри и јас се зарадував!

– Е арно де, а третиот пат па зошто?

– На крај ми стана многу смешно кога си замислив како Марсовката упорно ти ги врти ушите, а ништо…

Што мислиш?

6 поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30 Смешни Инстаграм VS. Реалност споредби

17 Пати кога високите очекувања се судриле со суровата реалност