
Скап автомобил, но евтина еколошка свест
Инцидентот кој беше регистриран на видео се случил точно кај устието каде што реката Лепенец се влева во Вардар. Наместо отпадот да биде одложен во контејнер или на друго соодветно место, жената едноставно го исфрлила преку оградата од мостот, целосно игнорирајќи ги последиците по животната средина и хигиената на градот.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Оваа постапка предизвика жесток револт во јавноста и на социјалните мрежи, каде граѓаните масовно го осудија арогантното однесување. Многумина коментираат дека поседувањето луксузен автомобил очигледно не оди секогаш рака под рака со основната граѓанска култура и одговорноста кон природата.
„Несовесното однесување уште еднаш ги отвори прашањата за заштитата на животната средина и еколошката свест на поединци кои управуваат со скапи автомобили, а се однесуваат арогантно и неодговорно кон природата.“


