
Опасност од одрони и состојба на граничните премини
Според утринскиот извештај на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот надвор од градските средини се одвива по претежно влажни коловози и со умерен интензитет. Засега нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна. Сепак, АМСМ издаде предупредување за зголемена опасност од одрони на неколку критични делници: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде што се препорачува исклучително внимателно возење.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Возачите кои патуваат кон Охридскиот регион треба да знаат дека патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен и прооден, но исклучиво за возила со вкупна маса до 3,5 тони.
Изменет сообраќаен режим поради градежни работи
На повеќе локации низ државата во тек се градежни зафати кои наложуваат изменет режим на движење:
- **Автопат А2 (Кичево – Охрид):** Од Пресека до клучката Арбиново сообраќајот се одвива по девијации поради санација на левиот коловоз. Делумни работи (реконструкција на мостот Тајмишка) се изведуваат и на потегот Гостивар – Кичево.
- **Автопат А1 (Гевгелија):** Делницата од исклучувањето за градот кон граничниот премин Богородица е затворена. Возилата се пренасочени на спротивниот коловоз каде сообраќајот се одвива двонасочно.
- **Прилеп и околината:** На правецот Прилеп – Кавадарци (кај Беловодица и Тројаци) возилата се пропуштаат наизменично. Кон Битола, сообраќајот е пренасочен од клучката Лагово до Тополчани поради изградбата на Коридорот 10Д. Регионалниот пат Мало Коњари – Кривогаштани е целосно затворен.
Движење низ резерватот Јасен:
Од Скопје кон Македонски Брод: 07:30 – 09:00, 12:00 – 12:45 и 16:00 – 18:00 часот.
Од Македонски Брод кон Скопје: 06:00 – 07:00, 10:30 – 11:00, 13:00 – 13:45 и 18:30 – 20:00 часот.


