
Мрежа на злоупотреби: Двојна наплата и илјадници измамени
Акцијата ја спроведоа полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК). Истрагата открива скандалозна шема во која учествувале и поранешни и сегашни функционери на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Според информациите од истрагата, клиниката двојно наплаќала за медицинските интервенции. Средствата за операциите на очи истовремено биле наплаќани од државниот Фонд за здравство, но и директно од самите пациенти. Со ваквиот криминален модел се проценува дека биле оштетени помеѓу 3.000 и 4.000 граѓани.
Меѓународно досие: Баран за шверц и измами и во Албанија
Апсењето на Билал Кара во Македонија доаѓа откако минатата година соседна Албанија распиша потерница по него. Таму се сомничи за тешки злоупотреби преку приватната клиника „Интернешнл Медикер“ (поранешна „Санте Плус“ лоцирана во Албанија).
Албанските власти ја блокираа клиниката откако било утврдено дека раководството прикрило профит од околу 1 милион евра. Дополнително, истрагата во Албанија открила застрашувачки податоци дека на пациентите им биле давани лекови со изминат рок на траење, како и шверцувани медицински производи.
„Кара веќе е спроведен во Кривичниот суд и изведен пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи за понатамошните мерки за обезбедување на неговото присуство“, дознаваат медиумите од неофицијални судски извори.


