во

МВР разби голема меѓународна интернет измама: Стотици граѓани останаа без пари на лажна платформа

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР разби меѓународна мрежа за интернет измами, во која стотици граѓани од Македонија биле измамени да вложуваат пари на лажна платформа со ветување за високи добивки.

Битолчанка и Естонец стоеле зад лажната инвестициска мрежа

До Основното јавно обвинителство Битола е поднесена кривична пријава против 56-годишната М.К. од Битола и 38-годишниот А.С. од Естонија поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничените дејствувале во периодот од декември 2025 до април 2026 година. Преку мобилна апликација и комуникациски канал со неколку стотици претплатници, тие ги убедувале жртвите да уплаќаат средства, ветувајќи им сигурни и високи приноси кои никогаш не биле исплатени.

Супер Попуст -25%

Иако до полицијата официјално биле доставени само пет пријави од измамени лица, деталната анализа на финансиските податоци од трансакциската сметка на првопријавената покажала дека бројот на оштетени граѓани е значително поголем. Станува збор за стотици лица ширум државата, од кои најголемиот дел не го пријавиле случајот во полиција.

Меѓународна истрага и следење на криптопаричници

За расчистување на оваа софистицирана измама била спроведена повеќемесечна истрага во соработка со домашни и странски институции. Полицијата извршила претрес и одзела електронски уреди од битолчанката, од кои преку форензичка анализа се обезбедени клучните докази. Поради меѓународниот карактер на кривичното дело, инспекторите вршеле и сложена анализа на криптотрансакции преку меѓународни безбедносни платформи, со што успешно бил идентификуван сопственикот на криптопаричникот.

„Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со понудите за брза и лесна заработка преку интернет. Лажните инвестициски платформи често изгледаат професионално, а измамниците користат лажни профили за да убедат вложувања во криптовалути“, предупредуваат од МВР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крај за дивата улична продажба: Расчистени јавните површини кај Клинички, Зелено пазарче и Буњаковец

ОЈО Скопје бара нов 48-часовен притвор за осомничените за смртоносните разбојништва во Хром и Ѓорче Петров