Православните христијански верници денеска го слават Иванден, денот на раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител.
Покрај раѓањето на Исус Христос и на Пресвета Богородица, Црквата го слави уште и раѓањето на Свети Јован Крстител. Тој е роден шест месеци пред Исус Христос. Тој бил од Бога измолено дете, на престарените родители Захариј и Елисавета, пишува РТС.
Значењето на празникот
Во животот на Свети Јован сè било чудесно – од неговото раѓање, до неговата храна, облека и воспитување во суровата јудејска пустина. Тој е последниот пророк кој го најавил доаѓањето на спасителот. И тој е оној кој го крстил Синот Божји во реката Јордан. Овој празник, кој е исклучително почитуван во нашиот народ, е востановен уште во четвртиот век.
Народни обичаи и верувања: Од венци до иванденски огнови
Иванден се нарекува уште и Игрител, бидејќи се верува дека сонцето на ова утро „игра“ на небото. Исто така, се нарекува и Биљобер, бидејќи се верува дека лековитите билки и тревки набрани денес се особено лековити и имаат најголема моќ.
За овој празник се плетат и венци од иванденско цвеќе. Во нив задолжително се става и лук, за да ја чува куќата од гром и од секакво зло. Венците се ставаат на портите и на куќите, каде стојат сè до следниот Иванден. Во пресрет на празникот, во многу краишта се палат и иванденски огнови.
Бидејќи во моментов е во тек Петровденскиот пост, и на овој ден се пости. Сепак, без разлика во кој ден ќе се падне празникот, на Иванден е дозволено да се јаде риба. Во некои места се организираат и големи народни собири и панаѓури.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден