
Еден од најбараните светски бегалци, кинескиот државјанин Чи Донг Чанг, повторно е уапсен по смелото бегство и е израчан во САД, каде што го очекуваат тешки обвиненија за трговија со дрога и перење пари.
Кубанската влада потврди дека Чанг по апсењето им бил предаден на мексиканските власти, по што следело неговото конечно изручување во САД, пишува Би-Би-Си.
Кој е „Братот Ванг“?
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Чи Донг Чанг, познат и под прекарите Брат Ванг, Панчо и ХеХе, според американското Министерство за правда, организирал голема меѓународна мрежа за трговија со фентанил и перење пари, која се протегала од Кина, преку Мексико, до САД. Американското обвинителство го смета за клучен играч во глобалната трговија со дрога, тврдејќи дека препрал милиони долари за злогласните картели Синалоа и Халиско Нова Генерација (CJNG). Ако биде осуден, веројатно го чека доживотен затвор.
Повеќе од само бегство – филмска приказна
Приказната за тоа како „Братот Ванг“ воопшто завршил во Хавана е неверојатна. Сè започнало со бегство од куќен притвор во Мексико Сити, наводно низ дупка во ѕидот, по што со приватен авион побегнал на Куба во неуспешен обид да стигне до Русија.
По доаѓањето на Куба во јули оваа година, тој планирал да побегне во земја која нема договор за екстрадиција со САД. Успеал да обезбеди место на директен лет од Хавана за Москва користејќи лажни документи. Меѓутоа, тие не ја поминале проверката на руските имиграциски власти. Наводно, Русите не ни знаеле кого враќаат, па едноставно го вратиле на Куба. При слетувањето во Хавана, кубанските служби веќе го знаеле неговиот вистински идентитет.
Дали неговото апсење ќе промени нешто?
Безбедносните аналитичари веруваат дека Куба го држела неколку месеци за детално да го испита пред да го врати во Мексико. Како и обично по апсењето на некој нарко-бос, се поставува прашањето дали неговото отстранување ќе влијае на трговијата со дрога. Според Мајк Вигил, поранешен агент на ДЕА, тоа нема да има никакво влијание бидејќи картелите веќе имаат поединци кои можат да го заменат „Братот Ванг“, исто како што беше и во случајот со Ел Чапо.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








