
Вистински хаос се случил во центарот на Будимпешта, откако дива свиња тешка околу 60 килограми залутала во метро-станица во близина на плоштадот Кошут Лајош.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Животното стигнало до перонот и шините, каде во еден момент било удрено од воз. Поради интервенцијата, сообраќајот на метро-линијата М2 бил привремено прекинат, а патниците биле пренасочени кон автобуси.
Со ескалатор стигнала до перонот
Според локалните медиуми, дивата свиња влегла во станицата околу 11 часот. По ескалаторот се спуштила до перонот, а потоа завршила на шините.
Набргу потоа ја удрил воз, по што животното останало заглавено под композицијата. На местото бил повикан ловец, кој на крајот го усмртил животното.
Откако станицата била затворена, а возот поместен, надлежните служби успеале да ја извлечат дивата свиња.
Се отвори прашањето дали интервенцијата била неопходна
Дел од унгарските медиуми поставија прашање дали усмртувањето на животното било единственото можно решение, со оглед на тоа што станицата веќе била испразнета и затворена.
Снимки од необичниот инцидент брзо се проширија на социјалните мрежи, а реагираше и градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Карачоњ.
„Не ни претпоставував дека еден ден ќе пишувам за нешто вакво“, изјавил Карачоњ.
Дивите свињи не се реткост во Будимпешта
Градоначалникот соопштил дека екипите на јавниот превоз работеле на што побрзо нормализирање на сообраќајот и дека јавноста ќе биде информирана за ситуацијата.
Инцидентот повторно го отвори прашањето за дивите свињи што живеат во урбаните делови на Будимпешта.
Според претходни извештаи на локалните медиуми, во поширокото подрачје на унгарската престолнина живеат неколку стотици диви свињи, од кои дел со текот на времето се приспособиле на живот во градска средина.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден








